“ЗАКАЖИ СРЕДБА” – нов систем за управување со странки на УЈП

“ЗАКАЖИ СРЕДБА” – нов систем за управување со странки на УЈП

 Од 1-ви Мај 2018 година, почнува со работа Системот за управување со странки – “Закажи средба” во рамки на Регионалната дирекција Скопје. Како што е објавено од страна на Управата за јавни приходи, со воведувањето на овој систем, сите правни или физички лица кои сакаат да остварат средба со даночен агент во УЈП- Регионална дирекција Скопје ќе мораат претходно да закажат термин. Закажувањето може да се изврши телефонски преку Инфо центарот на УЈП на еден од следните броеви: 0800 33 000; 02/3 253 200 или он-лајн преку веб страницата kontaktcentar.ujp.gov.mk на која може да се добие пристап до услугата “Закажи средба”.

Оваа услуга им овозможува на странките да закажат термин и навремено да добијат одговор на нивните прашања во врска со:

  • општи информации за рокови, начини за пријавување и плаќање даноци;
  • отворање на бизнис и регистрација на даночен обврзник;
  • консултации за издадени даночни документи;
  • утврдување на даноци;
  • постапки за наплата на долгови;
  • правни прашања и
  • други специфични прашања.

Услугата “Закажи средба” е задолжителна за сите странки кои ќе ги користат даночните услуги во УЈП – Регионална дирекција Скопје и странките кои нема претходно да закажат средба нема да бидат во можност навремено да ги користат нејзините услуги.

2019-06-13T12:57:37+00:00

Recent posts

Contact Info

Str. Makedonija, No 6/5, 1000 Skopje

Phone: +38925129068

Web: Accounting Solutions Skopje

Archives