Најдобар партнер за Вашиот бизнис
Сметководство, книговодство и финансии
ДЕСК ДООЕЛ Скопје е најдобриот партнер за Вашиот бизнис во Македонија. Поседуваме лиценца за вршење на сметководствени работи издадена од Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија. Сите наши вработени се овластени сметководители со големо домашно и меѓународно искуство во областа на сметководство, книговодство и финансии. Ние ги нудиме најдобрите сметководствени услуги за нашите клиенти.
ДЕСК ДООЕЛ Скопје гарантира професионална дискреција и доверба, перманентна и експертска поддршка и посветеност во обезбедување на врвна услуга во најкраток можен рок.

Визија и Мисија
Нашата визија е да Ви ја обезбедиме најдобрата услуга во делот на сметководствени и консултански услуги и заедно да работиме во градењето на вредноста на Вашиот бизнис.
Нашата мисија е да станеме компанија која ќе биде лидер во обезбедување на врвни сметководствени услуги, како и сметководствен, финансиски и даночен консалтинг. Нашата главна цел е да придонесеме во развој на Вашиот бизнис, а тоа можеме да го оствариме преку големото искуство на нашиот тим и постојаното иновирање во согласност со напредните технологии.
Stay In Touch