Други услуги

Други услуги2018-12-12T16:31:43+00:00

Други услуги – човечки капитал и регистрација на фирми

Нашето портфолио на услуги вклучува широк спектар на услуги за потребите на бизнисот на нашите клиенти, меѓу кои:

Обуки за даноци и сметководство во просториите на клиентот

Од обуки за почетници, до работилници за подобрување, развиваме програми за обука според Вашите специфични потреби. Нудиме можност за обука во просториите на клиентот со цел да се избегне загуба на време за патување и во временски распоред кој одговара на Вашите вработени.

регистрација на фирми

Обуките се однесуваат на следниве области:

  • Сметководство;
  • Даноци;
  • Финансиски менаџмент;
  • Управување со парични текови.
регистрација на фирми

Регистрација на фирми

Услуга дизајнирана за оние кои решиле да ги остварат своите соништа преку почнување на сопствен бизнис.

Дозволете ни да бидеме Ваш партнер и водич во процесот на регистрација. Искористете ја можноста на едно место да најдете комплетна услуга, почнувајќи од професионална изработка на Бизнис план, регистрација на фирмата, следење на работењето преку анализа на финансиските показатели и недвосмислени насоки за подобрување во правец на остварување на Вашите цели.

регистрација на фирми

Човечки капитал

Вработените се најважниот капитал на секоја фирма. Затоа, ние ставаме посебен акцент на исполнување на законските обврски поврзани со Вашите вработени, како и помош при регрутација на вработени за секторот финансии и сметководство.

Советодавни услуги поврзани со човечките ресурси на компанијата:

  • Пресметка на бруто и нето плата, персонален данок и придонеси, вклучувајќи бонуси, прекувремена работа, одмори, боледувања, бенефиции и тн.
  • Преглед на постоечките Договори за вработување од аспект на усогласеност со тековната даночна регулатива ;
  • Пресметка на персонален данок и придонеси и изработка на месечни и годишни платни списоци;
  • Спроведување на процедура за одбегнување на двојно оданочување, класификација на видовите на приходи од даночен аспект и поднесување барање за даночно ослободување до УЈП во согласност со договорите за избегнување двојно оданочување кои Македонија ги има склучено со земјите во светот.
  • Пријави и одјави на вработени во Агенцијата за вработување на РМ, во име на нашите клиенти;
  • Пресметка на испратнини при откажување на работен однос од деловни причини (технолошки вишок и сл.) и утврдување на даночните импликации за клиентот;
  • Изготвување апликација за работна дозвола за странци;
  • Помош при комуникација со УЈП, ФЗОМ и ПИОМ;
  • Помош при спорови и несогласувања во однос на персонален данок и придонеси;
  • Помош при процесот на регрутација на нови вработени за секторот финансии и сметководство на нашите компании клиенти.

Recent posts

Contact Info

Str. Varshavska 1-2/22, 1000 Skopje

Phone: +38925129068

Web: Accounting Solutions Skopje

Archives