Попис – зошто е важен?

ПописШто е пописот?

Попис е постапка со која се врши усогласување на книговодствената со фактичката состојба на средствата и обврските на фирмата.

Зошто е тоа важно?

Во секојдневното работење се случуваат грешки и пропусти од разни причини. Тие може да варираат од невнимание на тој што непосредно работи, па се’ до технички проблеми со софтверите кои се користат, разни прекини и слично. Тоа води до разидување на состојбата на средствата и обврските во евиденциите од оние што фактички постојат.

Кога ќе се спомне попис, мнозинството ги асоцира на броење на парчиња трговска стока, готови производи или материјали и суровини, односно на нешта во материјална форма.

Средствата не ги сочинуваат само добрата кои фирмата ги поседува во материјална форма. Тука се вклучени и побарувањата по разни основи. Исто така со пописот треба да се усогласат и обврските кои фирмата ги има. Како се мерат тие?

Сигурно како компанија во одреден момент сте добиле конфирмација за потврда на побарувањата и обврските од својот добавувач или купувач. Веројатно и вашиот сметководител ви праќа подготвени конфирмации кои треба да ги проследите до вашите купувачи и добавувачи. Е тие конфирмации се дел од постапката за попис и служат за проверка на фактичката состојба на побарувањата и обрските.

Наш совет е да инсистирате на проверка и повратна информација на сите проследени конфирмации. Тоа е одличен начин на откривање на разни пропусти како што се недоставена фактура до сметководителот, купувачот, добавувачот. Тоа има свои импликации и тоа не само од аспект на задоцнета уплата. Прикажувањето на реалната сосотојба во книгите и правилна пресметка на даноците исто така зависи од овие настани.

Овие за многумина досадни административни процедури го заокружуваат целокупното работење во текот на годината и водат кон правилно затворање на годината. Затоа слушајте го сметководителот и не бегајте од пописот во целосна форма дури и да не работите со залихи. Пописот не е само за трговските и производствени компании.

2022-09-23T10:15:26+00:00

Recent posts

Contact Info

Str. Varshavska 1-2/22, 1000 Skopje

Phone: +38925129068

Web: Accounting Solutions Skopje

Archives