Не чекајте краен рок за поднесување Годишна сметка!

ПРЕПОРАЧАН РОК ЗА ИЗРАБОТКА НА ГОДИШНА СМЕТКА

Законскиот рок за поднесување Годишна сметка за годината е 28 февруари, односно 15 март наредната година.

Но овој рок е само законски рок за поднесување годишна сметка кој државата го има поставено. Вашата компанија има право да си постави процедури за работа, а со тоа и рокови кои ќе Ви одговараат вам и истовремено ќе ги задоволат законските барања.

На 15 март веќе истекува првиот квартал од работењето. Доколку се чека да се достави Годишна сметка до крајниот рок, Вие автоматски ги “губите” првите три месеци од фокусот.

Годишна сметка - Акаунтинг Солушнс Скопје-Центар

Ние Ви препорачуваме целата процедура за изготвување и поднесување на Годишна сметка да Ви биде завршена до крајот на јануари. Така навремено ќе го затворите поглавјето од минатата година и ќе се фокусирате на новиот период пред Вас, новите предизвици и “планини” за искачување.   

Moжеби завршената Годишна сметка ќе Ви даде информација која ќе Ви биде насока за дејствување во новата година. Искористете ја поволноста навремено да бидете информирани за резултатите од минатата година и со тоа информирано и стратешки да настапите во новата година.

Ве чекаме во полна пареа заеднички да успееме да ја затвориме годината во разумен рок, рок кој ќе ви дозволи да се фокусирате целосно и информирано на случувањата во новата година.

2019-06-13T12:55:23+00:00

Recent posts

Contact Info

Str. Varshavska 1-2/22, 1000 Skopje

Phone: +38925129068

Web: Accounting Solutions Skopje

Archives