Имајте профит, но не останувајте без пари!

Зошто е толку важен Извештајот за парични текови?

 

Потребен ви е Извештај за парични текови за да знаете колку готовина е создадена и искористена во одреден период во компанијата.

Зошто е тоа корисно?

Замислете дека финасискиот резултат на крајот на годината покажува профит од 100.000 евра. Сопствениците се среќни затоа што имаат право на дел од добивката преку исплата на дивиденда. Вработените се исто така среќни бидејќи имаат поголеми шанси за зголемување на платите следната година. Но дали е тоа вистински и реално возможно?

Извештај за парични текови е тоа што е потребно да се направи. Тој ќе ви покаже дали навистина има доволно пари во слободна форма кои може да се искористат за одржување на бизнисот. Дали по исплаќањето дивиденда и/или зголемувајќи ги инвестициите и трошоците ќе останат пари за одржување на бизнисот во живот?

Историски индикатор за паричните текови

Информацијата за готовинските текови од претходните периоди може да се искористи како индикатор за износот, тајмингот и сигурноста на идните готовински текови. Врската помеѓу профитот и готовинските текови може да биде анализирана како и промените на цените кои се случуваат со текот на времето. Сите овие информации му помагаат на менаџментот да ги контролира трошоците преку контролата на готовинските текови.

Погледнете го нашето мени со услуги кои ги нудиме и со кои можеме да ви помогнеме да го изградите вашето богатство контролирајќи ги паричните текови на вашата компанија.

Способност да се исплаќаат долговите

Преживувањето на бизисот зависи многу повеќе од способноста да ги исплаќа своите долгови кога ќе достасаат отколку од профитот.

Дали бизнисот има доволно готовина да ги покрие сите одливи на пари? Планирајте ја иднината и не дозволувајте да се најдете во ситуација кога правите профит, а немате пари. Извештајот за готовински текови ќе ви помогне да ја анализирате и подобрите врската помеѓу профитот и парите.

Перформансот и иднината на компанијата зависат повеќе од ликвидноста и способноста да се исплаќаат долговите отколку од профитот во книгите.

Извештај за парични текови

 

2022-11-22T16:03:10+00:00

Recent posts

Contact Info

Str. Varshavska 1-2/22, 1000 Skopje

Phone: +38925129068

Web: Accounting Solutions Skopje

Archives