Даноци

Даноци2018-12-12T16:30:52+00:00

ПРЕСМЕТКА НА ДАНОЦИ

Даночна ефикасност и усогласеност со законските прописи

Речиси и да не постојат трансакции кои не повлекуваат даночни импликации за бизнисот.

Со тоа што разбираме дека пресметката на даноци не значи само екстра трошок за бизнисот туку и услов за исполнување на законските обврски, нашите услуги од областа на даночна ревизија гарантираат даночна ефикасност во согласност со законските прописи.

Tax efficiency

Контролна проверка од аспект на данок на добивка

Проверка на трошоците на бизнисот и нивна оптимизација во согласност со законот; Проверка на договорите на фирмата во поглед на нивните даночни импликации; Опис на главните даночни ризици;  Предлог решенија за оптимизирање на даночна изложеност во согласност со законските прописи.

Контролна проверка од аспект на ДДВ

Проверка на даночните пријави за ДДВ; Проверка на договорите на фирмата, фактурите и придружните документи кои имаат влијание на намалувањето на ДДВ обврската; Идентификација на потребната документација за цели на барање поврат на ДДВ и нејзина проверка; Проверка од аспект на префрлање на даночната обврска за ДДВ (reverse charge).

Контролна проверка од аспект на персонален данок на доход

Проверка на плаќањата спрема вработени и физички лица кои не се вработени во фирмата; Проценка на видовите плаќања од аспект на персонален данок на доход; Проверка на договорите за дело; Проверка на политиката на фирмата во однос на службени телефони, возила и слично.

Контролна проверка од аспект на задржан данок

Преглед на договорите со странски добавувачи; Проверка на процедурите по однос на задржан данок и условите кои постојат во договорите за избегнување на двојно оданочување; Контрола на годишната пријава за задржан данок.

Континуиран даночен консалтинг

Нашите клиенти се постојано во тек со случувањата

  • Анализа на плаќањата спрема странство од аспект на задржан данок и утврдување на даночниот третман во земјава и во странство;
  • Утврдување на обврска за ДДВ и право на поврат на ДДВ;
  • Префрлање на даночната обврска за ДДВ на специфични трансакции (reverse charge);
  • Советување по однос на комплексни трансакции од даночен аспект;
  • Целосна поддршка при даночна контрола;
  • Изработка на информативни содржини за најавените законски измени и нивното влијание на бизнисот на нашите клиенти.

Recent posts

Contact Info

Str. Varshavska 1-2/22, 1000 Skopje

Phone: +38925129068

Web: Accounting Solutions Skopje

Archives