Променет е Законот за работни односи!

НАЈНОВИ ИЗМЕНИ ВО ЗРО!

Во Службен весник на РМ бр. 120/2018 објавен е Закон за измени и дополнувања на Законот за работни односи (во понатамошниот текст: ЗРО) кој стапува во сила на 07 јули 2018. Генерално измените и дополнувањата во ЗРО се во насока на зголемување на одредени права на работниците, но исто така со измените во одредени одредби се создаваат поповолни обврски за работодавачите. Во продолжение накратко Ви ги претставуваме главните измени и дополнувањата на ЗРО:Закон за работни односи

Права на работниците 

  • Се зголемува минималната плата за приправниците. Наместо досегашните 40%, се препишува минимална плата од 70% од предвидената основна плата за работното место за кое се оспособува приправникот.
  • Забрана за дискриминација на работниците на определено време во однос на сите права и обврски од работниот однос. Со измените е наведено дека во однос на условите за вработување, работниците на определено време да не се третираат на понеповолен начин од работниците на неопределено време само поради тоа што имаат договор за вработување на определено време, освен ако различниот третман е оправдан од објективни причини.
  • Се предвидува можност за исплата на надоместок на трошоци за исхрана во висина од 20% од просечната нето плата по работник во РМ за работниците кои работат ноќе сразмерно за деновите кога работникот работи ноќе. Согласно досегашното законско решение, задолжително беше работодавачите да обезбедат храна за работникот кој работи ноќе.
  • Се изедначува траењето на годишниот одмор за сите работници без оглед на распоредот на работното време кај работодавачот. Со измените работниците кои имаат распоред на работно време поделено на шест работни дена се ставаат во рамноправна положба во поглед на траењето на годишниот одмор со работниците кои имаат распоред на работно време поделено на пет работни дена.
  • Обврската на работодавачот да обезбеди користење на годишен одмор од најмалку 12 дена во тековната година е заменет со две непрекинати работни недели.

Воспоставување на нов работен однос

  • Промена во условите кои ја регулираат способноста за склучување договор за вработување на младо лице под 18 години возраст. Со измените и дополнувањата, ограничувањето за овие активности изнесува до два часа дневно, односно не подолго од 12 часа неделно, а за време на училишен распуст не подолго од шест часа дневно, односно не подолго од 30 часа неделно, при што задолжително треба да му се обезбедат две непрекинати недели на одмор.
  • Пробната работа со најновите измени е намалена на 4 месеци, за разлика од претходно кога изнесуваше 6 месеци.
  • Можност за забрзување на постапката за вработување. Со измените во законот, минималниот рок за пријавување на кандидатите по оглас за вработување се намалува од 5 на 3 работни дена.

Откажување на договорот за вработување

  • Работодавачите при откажување на договорот за вработување поради деловни причини, нема да може за истите работи, со иста стручна подготовка и занимање да вработат друг работник, во рок од две години од денот на престанокот на работниот однос поради деловни причини. Доколку пред истекот на рокот од две години настане потреба за вршење на истите работи, предност во склучување на договор за вработување да има работникот на кој претходно му престанал работниот однос од деловни причини.
  • Се зголемува висината на испратнината во случај на откажување на договорот за вработување од деловни причини.
  • Промена во постапката пред отказ поради лични причини од страна на работникот. Со измените се прецизира дека писменото предупредување на работодавачот доставено до работникот се однесува на неисполнување на обврските на работникот и можност за отказ во случај работникот да не го подобри  своето работење. Досегашната формулација беше во случај на натамошни кршења на работните обврски.
  • Преполовување на роковите за застареност на фактите кои се основа по која работодавачот му дава отказ на работникот. Со измените работодавачот може да му даде отказ на работникот во рок од три месеци од денот на дознавање на фактите кои се основа за давање на отказот, односно во рок од шест месеци од денот на настанување на фактите кои се основа за давање на отказот.
  • Со измените утврден е минимален рок од 15 дена во кој работникот по писмено предупредување треба да го подобри своето работење. Исто така, за разлика од претходното решение, писменото предупредување е задолжително.
  • Откажување на договорот за вработување од страна на работодавачот, поради економски, организациони, технолошки, структурни или слични причини, ќе се врши врз основа на критериуми наведени во колективниот договор. Оваа постапка станува задолжителна за сите работодавачи.

Закон за работни односи

Договор за вработување

  • Прецизирање на обврската за давање изјава за продолжување на договорот за вработување до 67 годишна возраст. Со новите одредби се пропишува дека писмената изјава работникот ја дава најдоцна до 31 август во годината која што и претходи на годината во која ги исполнува условите за прекин на договорот за вработување поради возраст.
  • Наведените елементи во членот 28 од ЗРО кои се однесуваат за содржината на договорот за вработување, стануваат задолжителни.

 

2019-06-13T12:54:53+00:00

Recent posts

Contact Info

Str. Varshavska 1-2/22, 1000 Skopje

Phone: +38925129068

Web: Accounting Solutions Skopje

Archives