Бесплатна регистрација на фирми во текот на месец септември и октомври!

Промотивна регистрација на фирма

РегистрацијаПотребна Ви е регистрација на фирма? На право место сте во право време. 

Во текот на целиот месец септември и октомври кај нас е БЕСПЛАТНО!

Што треба да направите?

Испратете мејл на нашата адреса info@solutionsacc.com.mk или побарајте не’ телефонски на 078 367 258. Веднаш како одговор на Вашето барање ќе добиете Прашалник кој ќе треба да го пополните за да ги добиеме потребните информации кои ќе ни послужат да ја изготвиме документацијата за регистрација на фирмата. 

Во рок од само неколку дена Вашата апликација за основање фирма во Централниот регистар ќе биде поднесена и одобрена, а Вие ќе добиете Решение за основање на фирмата издадено од Централниот регистар.

Кои се основните податоци кои треба да ги имате подготвено за да се почне со постапката?

1. Име на фирмата која треба да биде основана,

На што треба да се внимава при изборот на име на компанија?

Согласно чл.47 од ЗТД Фирмата не може да содржи имиња, знамиња, грбови или други државни амблеми на други држави или на меѓународни организации без нивна дозвола, а не можат ниту да се имитираат во хералдичка смисла. Фирмата не може да содржи службени знаци на контрола и гаранција за квалитет.

Фирмата не може да содржи и зборови кои создаваат привид и мешање со фирма на друго друштво, име, односно назив на установа или друг субјект.

Фирмата се проверува на веб локацијата на Централниот регистар преку услугата за „Проверка и резервација на име“ на начин што се пребарува со дел од единственото име и се бара дали има сличен таков назив (по сопствено видување и сопствена проценка).

Пр. Звончица / Ѕвончица – ако извршите пребарување само за Звончица, можеби и нема да ви излезе фирма со таков или сличен назив. За поточни резултати треба да се пребара со дел од називот.

Користејќи ја истата услуга може да се изврши и резервација на посакуваното име.

2. Адреса на седиште на фирмата,

3. Основачки влог,

Износ кој ќе се вложува како основачки влог, дали ќе биде паричен или непаричен влог, листа на предмети кои би влегле како непаричен влог. По добивањето на оваа информација ние понатаму ќе Ве упатиме за следните чекори околу запишувањето на влогот.

4. Основна дејност на фирмата,

5. Правна форма,

Друштвото може да се основа како ДОО/ДООЕЛ, ТП, АД, Подружница или Претставништво на странско правно лице.

Повеќе околу поодделните форми на следниот линк: ЛИНК за Правна форма.

7. Име на Основач/и

8. Мејл адреса на фирмата,

9. Банка во која фирмата ќе има трансакциска сметка.

 

 

 

 

 

2022-09-05T08:53:48+00:00

Recent posts

Contact Info

Str. Varshavska 1-2/22, 1000 Skopje

Phone: +38925129068

Web: Accounting Solutions Skopje

Archives